Првата вакцинација во Бугарија е веќе факт. Бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов беше вакциниран точно во 9.59 часот утрово во болницата „Св. Ана“ во Софија, објави БГНЕС.
По него, вакцина доби и претставник на Бугарската православна црква, како поддршка на вакцините.
Вакцинацијата започна и во Бургас и Пловдив.
„Спасот што го очекуваме дојде. Едвај чекам да го видам мојот 70-годишен татко без да се грижам дека ќе го заразам со коронавирус“, рече бугарскиот министер за здравство, Ангелов.
Во државите на ЕУ денеска почна вакцинирањето против Ковид-19, откако вчера беа испорачани првите дози од вакцините.