Aмериканскиот претседател Џо Бајден имаше неколку неприкладни коментари во телевизиски говор, во кој зборуваше за воведување задолжителни вакцини меѓу приватните работодавачи, како на пример оној кога на градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут и се обрати со „господине“.
„Господине градоначалник, ви благодарам за поканата да го посетиме вашиот град. Ви велам, секој пат кога доаѓам во Чикаго, сакам да украдам некого и да го вратам во Вашингтон. Ова го направив неколку пати”, рече Бајден (78) пред градоначалничката.
$bp(“Brid_33687460”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”878243″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Некои од присутните сфатиле дека Бајден всушност мислел на градоначалникот на Елк Гроув Вилиџ, Крег Џонсон, пишува „Експрес“. Имено, за време на своето патување во таа населба во Илиноис, претседателот ги повикал приватните работодавачи да воведат задолжителна вакцинација.
Но, тоа не е крај на приказната. Бајден направил дополнителна грешка кога се обидел да се повика на претседателот на Сенатот во Илиноис, Дон Хармон.
Joe Biden in Illinois: “The Ohio Pennsylvania, the Ohio Pennsylvania *gestures to himself* Pennsylvania, the Illinois president” pic.twitter.com/wjAlK3xK4w
— RNC Research (@RNCResearch) October 7, 2021
Американскиот претседател потоа ја замени телевизијата со телефонски разговор кога им раскажа на гледачите за комуникација со вработен во болница.
„Синоќа бев на телевизија, на телевизија… Всушност, имав телефонски разговор со лице од одделот за итни случаи во една болница“, се присети тој.
Joe Biden: “Last night I was on the television, on television, i was on…the….telephone” pic.twitter.com/SsHOvHBenF
— RNC Research (@RNCResearch) October 7, 2021