(Видео) Чеченците и руската војска го окупираа Рубижне, градот е претворен во урнатини

пред 3 години

Чеченските борци предводени од Рамзан Кадиров, заедно со другите руски и проруски сили, го зазедоа градот Рубижне и блиската Кремина во украинскиот регион Луганск, според снимките што кружат на социјалните мрежи.

$bp(“Brid_50522123”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”997014″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Снимката од Рубижне покажува значително уништување во центарот на градот и северните населби. Се чини дека руските сили и сепаратистите поддржани од Русија слободно се движат низ градот. Снимката нема да ја објавиме бидејќи, меѓу другото, на неа се гледаат чеченски борци како позираат со осакатени тела.

Вчера регионалниот воен администратор на Луганск, Серхи Хаидаи ги негираше информациите дека градот паднал. Сепак, тој за Си-Ен-Ен изјави дека 80 отсто од регионот Луганск е под руска контрола.

Во Кремина, град на 11 километри западно од Рубижне, сепаратистичките сили поддржани од Русија истакнаа руски и сепаратистички знамиња на владините згради.

Рубижне и Кремина се стратешки важни бидејќи се наоѓаат во областа што им е потребна на руските сили за да напредуваат кон запад и да се поврзат со силите кои напаѓаат југоисточно од Изум.

Share
Scroll to Top