Заклучно со вчера, во Србија се пријавени вкупно 261 случај на несакани реакции по вакцинирање против коронавирус, рече Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала, додавајќи дека тоа е многу мал број, имајќи го предвид вкупниот број на вакцинирани граѓани.
Тој изјави дека може да се очекуваат несакани ефекти по вакцинирањето, но дека е важно што нема долгорочни последици.
„Досега немавме за што да се грижиме. Сè што се случило досега е решено за неколку дена“, рече Зелиќ, гостувајќи на ТВ Пинк.
Тој изјави дека несакани ефекти може да бидат треска, болка на местото на инјектирање, оток, црвенило, болка во мускулите, зглобовите, главоболка, гадење… и додаде дека тие најчесто биле пријавувани од граѓани на возраст од 45 до 64 години и тоа почесто жени.
Исто така тој рече дека не треба да постои страв од вакцината затоа што секоја вакцина е валидна, ефикасна и безбедна.