Во Србија се разгледува социјално корисна работа за оние што ги кршат мерките, изјави по седницата на кризниот штаб, д-р Предраг Кон.
Од утре, вели тој, режимот ќе биде ист како и за викендот. Нема да работи ништо освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи. Сè друго ќе биде затворено до недела.
„ Ова е компромис, бидејќи медицинскиот дел смета дека тоа не е доволно“, рече тој.
Кон нагласи дека ефектите од овие мерки нема да се видат за пет дена.
„ Проблемот не е разбран, не е сфатено дека ова е најголемата пандемија, и дека е смртоносна и е во рамките на еден сектор од општеството, здравството, кое е преоптеретено и мора да добие поддршка од општеството”, истакна д-р Кон.
Тој предупреди дека доминантен е британскиот вид на вирус, кој се повеќе ги зафаќа помладите генерации. Според него, казните за кршење на мерките се недоволни и треба да се засилат, во смисла дека сите што ги прекршиле мора да бидат тестирани за коронавирус.
Овие ќе бидат нови мерки, сигурно, рече Кон, додавајќи дека една од опциите е принудна работа. Овие се помлади луѓе и може, како што објаснува, да носат шишиња со кислород во болниците, кои се тешки.
„ Ова го велам не за да ги исплашам, туку за да ги одвратам од кршење на мерките“, заклучи Кон.
По седницата на Кризниот штаб, премиерката Брнабиќ рече дека сегашниот режим на живот престанува вечерва на полноќ. Како што објасни таа, тоа ќе трае до понеделник, а се очекува нов пресек на ситуацијата за викендот, кога ќе се одлучи дали ригорозните мерки ќе продолжат.