За прв пат по Втората светска војна откажан божикниот саем во Нирнберг

пред 4 години

За прв пат по 73 години, божикниот саем во Нирнберг е откажан, пишува Travel and Leisure.

Записите од 1628 година покажуваат дека славниот Кристкиндлесмаркт е еден од најстарите божикни саеми.

За време на адвентот, главниот градски плоштад е исполнет со дрвени тезги, и секоја од нив има бројни продавачи кои нудат уникатни ракотворби и вкусна храна.

Но, овој декември ситуацијата ќе биде поинаква. Градоначалникот на Нирнберг, Маркус Кониг, објави дека Кристкиндлесмаркт е откажан поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.

„Оваа одлука е многу тешка за нас. По многу размислување за заштита на населението, ние го откажуваме божикниот саем”, рече Кениг.

Share
Scroll to Top