Силен земјотрес денеска одново ја потресе Хрватска, а според информациите од медиумите тој бил почувствуван во целиот регион.
Според ЕМСЦ, потресот бил со јачина од 6,3 степени, а епицентарот бил на 46 километри југоисточно од Загреб, некаде околу Петриња, место кое и вчера беше погодено од низа земјотреси.
„Успеавме да извадиме едно дете, тоа беше во автомобил, сè се сруши, сопственикот е внатре, но тој не одговара“, изјавил млад човек за телевиузијата Н1, во првичен извештај за потресот.
„Тешко е, слушнав дека се урнала и градинката, немаше деца во градинката, не знаеме дали имаме мртви…“, вели друг.
Според податоците од терен, после првичниот земјотрес, се почувствувал уште еден помал.
Земјотресот бил почувствуван и во регионот на Хрватска, а пријавен е во Бања Лука, Загреб, Вуковар и Сплит.