Здравствените работници во Ирска кои одбиваат да примат вакцина против коронавирус, би можеле да останат без работа, пишува „Ајриш тајмс“.
Извршниот директор на ирската здравствена служба Пол Рајд изјави дека е непростливо здравствените работници кои работат со пациенти да не ја примат вакцината, пренесе „Танјуг“.
Рајд додаде дека секој има право да ја одбие вакцината, но дека Законот за здравје и безбедност им дозволува на вработените да бидат отстранети од работното место доколку тие претставуваат опасност за други луѓе.