Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун повика на зголемување на воената моќ и поголема способност за спречување на нуклеарната војна, објави државната новинска агенција КЦНА, на крајот на редок конгрес на владејачката Работничка партија по осумдневни политички дебати.
„Ние мора да сториме сѐ што е во наша моќ за понатамошно зголемување на можноста за одвраќање од нуклеарната војна, градејќи ја најсилната воена подготвеност“, рече Ким, заклучувајќи го конгресот, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на КЦНА.
Ким минатата недела рече дека ќе ја прошири воената подготвеност за подобра одбрана на земјата и повика на „поставување на одбранбените способности на државата на многу повисоко ниво“.