Макрон не ја прифатил оставката на премиерката на Франција

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон не ја прифатил оставката на премиерката Елизабет Борн, соопштија денеска од Елисејската палата, само два дена по парламентарните избори на кои владејачката коалиција ја загуби апсолутната моќ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Шефот на државата ќе изврши „неопходни политички консултации за да се најдат конструктивни решенија во служба на Французите“ се наведува во соопштението објавено пред почетокот на серијата состаноци на Макрон со шефовите на партиите, денеска и утре.

Макрон ја одбил понудената оставка „за Владата да биде посветена на својата работа во актуелните денови“ јавува „БФМ“ тв.

Share
Scroll to Top