Меркел: Меѓународната заедница не смее да дозволи колапс на Авганистан

пред 3 години

Меѓународната заедница не смее да дозволи колапс на Авганистан, рече германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека светот не може само да гледа како 40 милиони луѓе тонат во хаос.

На виртуелниот самит на Г20, Меркел рече дека никој не добива ништо ако се урне целиот монетарен или финансиски систем во Авганистан.

„Тогаш повеќе не може да се пружи хуманитарна помош“, рече Меркел.

Додаде дека Талибанците мора да обезбедат пристап на Обединетите нации додавајќи дека правата на жените и девојчињата мора да се почитуваат.

Меркел го потврди ветувањето на Германија дека ќе донира 600 милиони евра за Авганистан.

На самитот лидерите на земјите нагласија дека помошта треба да се обезбеди преку независни меѓународни организации, а не директно на Талибанците, пишува Би -Би -Си.

Share
Scroll to Top