Нови правила за дебатата на кандидатите за потпретседател на САД: плексиглас и растојание од 3,6 метри

пред 4 години

За време на утрешната дебата, кандидатите за потпретседател на САД, Камала Харис и Мајк Пенс, ќе бидат разделени со плексиглас и на растојание од најмалку 3,6 метри.

Причината е да не дојде до евентуална инфекција со коронавирус, соопшти Комисијата за претседателски дебати.

Покрај овие две, ќе бидат преземени и други мерки, како што се тестирање за членови на тимот и носење маски за време на дебатата, а секој што не сака да носи маска ќе биде исфрлен, пренесува „Би-би-си“.

Дебатата ќе се одржи во Солт Лејк Сити, а барањето за превентивни мерки дојде од тимот на демократите.

Тимот на Пенс рече дека ако сенаторот Харис сака тврдина околу неа, таа ќе ја добие.

И Харис и Пенс беа тестирани неодамна и беа тестирани негативно на вирусот.

Ова не е прв пат да се користи плексиглас за време на дебата – претходниот викенд, кандидатот за сенатор на демократите од Јужна Каролина, Џејми Харисон, донесе плексиглас на дебатата со републиканската ривалка Линдзи Греј.

Share
Scroll to Top