Новиот претседател на Јужна Кореја: Вратата за дијалог со Северна Кореја е отворена

пред 3 години

Јун Сук Јеол положи заклетва како нов претседател на Јужна Кореја.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во својот инаугуративен говор, тој рече дека вратата за дијалог со Северна Кореја е отворена и покрај се поинтензивните воени и ракетни активности на Пјонгјанг.

„Стојам пред вас денеска, понизен од довербата и одговорноста што ми ја покажавте и свесен за мојата должност да ја обновам оваа голема нација“, рече тој во зградата на Националното собрание во Сеул, пренесе новинската агенција „Кјодо“.

Новиот претседател ја истакна важноста и вредностите на слободата и одржливиот мир, притоа нагласувајќи дека дијалогот со Северна Кореја и мирното решавање на заканите што ги претставува земјата се единствениот правилен пат, според агенцијата.

„Иако програмите за нуклеарно оружје на Северна Кореја се закана не само за нашата безбедност, туку и за безбедноста на североисточна Азија, вратата за дијалог ќе остане отворена за да можеме да ја решиме оваа закана по мирен пат“, рече Јун, додавајќи дека денуклеаризацијата ќе придонесе за одржлив мир и просперитет на Корејскиот Полуостров и пошироко.

Тој посочи дека доколку Северна Кореја навистина започне со процес на целосна денуклеаризација, Јужна Кореја е подготвена да работи со меѓународната заедница на храбриот план кој значително ќе ја зајакне севернокорејската економија и ќе го подобри квалитетот на животот на нејзините граѓани.

Share
Scroll to Top