Четири лица загинаа, а две се повредени во пукање на плажа во северна Албанија.
Според албанските медиуми, пресметката се случила доцна синоќа на плажата плажата „Пулај“ во познатото туристичко место Велипоја.
„Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг“, изјави директорот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај.
Според албанските медиуми, некои од жртвите се сопственици на локални кафулиња и ресторани на плажате и ѝ се познати на полицијата уште од претходно.
Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, а двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст.
Албанските медиуми оценуваат дека ужасните убиства исклучително негативно ќе влијаат врз туристичката сезона во Албанија.
По вооружениот инцидент, остро реагираше албанскиот претседател Илир Мета, посочувајќи дека „плажите и центрите на не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот запад“.
Тој вели дека станува збор за шокантен настан што бара целосно истражување на околностите и причините што довеле до жртви.