Песков: Средбата меѓу Путин и Бајден е планирана за лето

пред 4 години

За време на летото е планиран самит меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џозеф Бајден, но точниот датум и локацијата допрва треба да се договорат, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Дадени се одредени предлози, сè уште не можам да го потврдам датумот. Датумот сè уште не е договорен. Зборуваме за летните месеци … мора да се анализираат уште многу фактори за да се постигнат конечни договори”, рече Песков, објави ТАСС.

„Ниту една држава (во која може да се одржи самитот) не е именувана“, објасни тој.

Share
Scroll to Top