На украинските власти ќе им требаат околу 300 системи на повеќецевни ракетни фрлачи од западните земји, изјавил советникот во кабинетот на украинскиот претседател Зеленски, Михаил Подољак, за британскиот весник Телеграф.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој додал дека во моментов околу 90 отсто од загубите во борбите се предизвикани од руската артилерија, која е „значително супериорна во однос на украинската“, пренесува агенцијата ТАС С.
Претходно, британски Тајмс објави дека Велика Британија ќе испрати три системи на повеќецевни ракетни фрлачи М270, барем како првична испорака.
САД, од своја страна, ќе испорачаат најмногу 10 вакви системи на Украина, наведува руската агенција.