Рекорден број на новозаразени со коронавирус во Холандија

пред 4 години

Во Холандија се регистрирани речиси 8.000 нови случаи на заразени со Ковид-19, што е втор ден по ред како се регистрирани рекорден број пациенти.

Според Националниот институт за јавно здравје, денеска има 7.984, а вчера дневниот пораст на заразени бил 7.791.

Во Холандија бројот на заразени почна да се намалува кон крајот на мај, а на почетокот на август повторно почна да расте. Од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 211.938 лица, а 6.708 починале.

Share
Scroll to Top