САД и Русија воспоставија прв контакт на високо ниво од почетокот на инвазијата на Украина

пред 3 години

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан разговараше со генералот Николај Патрушев, секретар на рускиот Совет за безбедност.

Ова е првиот контакт на високо ниво меѓу Вашингтон и Москва откако Русија ја нападна Украина, соопшти Белата куќа.

Саливан го повтори американското противење на инвазијата, која започна на 24 февруари, и му рече на Патрушев „дека ако Русија е сериозна за дипломатијата, тогаш Москва треба да престане да ги напаѓа украинските градови и населби“, се вели во извештајот.