Кремљ соопшти дека нема конкретни планови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот колега Џозеф Бајден за Украина, но дека покана или средба може да се договори во секое време.
„ Тензиите околу Украина растат, но дипломатските контакти се во тек“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Путин наскоро ќе се обрати пред рускиот комитет за безбедност, пренесе „Ројтерс“.