Се урна авион во Романија, загина пилотот

пред 3 години

Пилот загина во пад на спортски авион во романската област Прахова, објави веб-страницата digi24.ro.

Извор информиран во истрагата изјавил дека урнатиот авион бил во приватна сопственост.

На местото на несреќата излегле противпожарно возило, спасувачка служба и брза помош, но пилотот не бил спасен.

Share
Scroll to Top