Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот. Протестот е организиран беше против новите ограничувачки мерки на владата за спречување на ширењето на коронавирусот.
Најмалку 20 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите, пренесува АП.
Илјадници луѓе присуствуваа на протестот, вклучително и љубители на фудбалот и хокејот, кои протестираа против мерките, како што е забраната за спортски натпревари и затворање на барови и ресторани.
Исто така е забрането да се собираат повеќе од шест лица, но се дозволи протести на кои има до 500 лица, ако се поделени во групи од по 20 и ако носат заштитни маски.
Многу демонстранти не носеа маски. Откако полицијата објави дека нивниот број е поголем од 500, организаторите го завршија собирот. Но, некои демонстранти останаа на плоштадот и започнаа да фрлаат кон полицијата со шишиња, камења и други предмети.
Во Чешка во последните неколку недели се забележува рекордно зголемување на новите случаи на коронавирус, а земјата има највисока стапка на инфекција во Европа.