Андроид верзијата на апликацијата Google Chrome добива опционална функција, која веќе некое време е достапна во верзијата за iOS.
Во блог пост, Google објави нова функција која се фокусира на приватноста на корисниците и ќе биде достапна за Android верзијата на веб-прелистувачот Chrome.
Сега корисниците ќе можат да постават Google Chrome да бара отпечаток од прст за да ги отклучат инкогнито-табовите за да ја гледаат содржината.
За да ја овозможите споменатата функција, треба да вклучите „Lock incognito tabs when you close Chrome“ во подменито Setting’s Privacy and Security во Chrome.
Споменатата функција е достапна за iOS верзијата на Google Chrome од првите месеци на 2021 година.