Бразилскиот фудбалер Хулк доби ќерка со внуката на неговата бивша жена. Тој беше 12 години во брак со Ира Анжело де Соуза со која има три деца. Во 2020 година тој ја изневери со внука ѝ Камила со која сега ја доби ќерката Заја. Заја ќе добие државјанство на САД затоа што се роди во Мајами.
За потсетување, Иран поднесе барање за развод од Хулк кратко откако папараците го снимија фудбалерот со нејзината внука. Бразилецот од тогаш е во врска со Камила и со неа често споделува фотографии на социјалните мрежи.
Понекогаш знае и да наздрави во чест на бившата и на тој начин да ја провоцира, пренесуваат тамошните медиуми.
Медиумите пренесоа дека Иран тешко го поднела разводот, а за честитка за нивната свадба објави порака во која објасни дека тоа што Хулк ја оставил ја направила уште посилна.
„Лагата и предавството се како ножеви. Ве сечат, ве тераат да крвавите и да умирате од внатре. Но, за оние кои веруваат во Господ, оваа смрт значи повторно раѓање. Со секое разочарување и откриена лага, повторно се раѓам и Исус ме прави посилна. Фала му на Господ за уште едно ослободување“, рече тогаш Иран.