Холивудските ѕвезди Џон Траволта и Брус Вилис, кои последен пат глумеа заедно пред 27 години во филмот на Квентин Тарантино, Pulp Fiction, сега ќе го снимаат филмот Paradise City. Филмот ќе се снима на Хаваи, а главната женска улога ќе ја игра тајландската актерка Праја Лундберг.
Двајцата актери работеле заедно четири пати, но ова е втор пат да бидат заедно на филм. Пред Pulp Fiction, тие работеа заедно во 1989 година на Look Who’s Talking и една година подоцна на Look Who’s Talking 2, но во тие филмови Брус Вилис му го позајми гласот на бебето Мајки, а Траволта го глумеше неговиот татко.
Ова ќе биде прв филм на Траволта, отакако пред една година од рак почина неговата сопруга, актерката Кели Престон.