Вештачката интелигенцијата може да доведе до изумирањето на човештвото, предупредуваат експертите. Вакво мислење дели и шефот на компанијата „ОпенАИ“, која го разви сè попопуларниот четбот ЧетГПТ. Десетици експерти ја поддржаа изјавата објавена на сајтот на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција.
„Оваа изјава има за цел да покрене дискусија. Ублажувањето на ризикот од изумирањето предизвикано од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет, покрај другите општествени ризици, како пандемија и нуклеарна војна“, стои во изјавата што ја потпишаа и шефовите на „ОпенАИ“ и „Гугл дипмајнд“, Сем Алтман и Демис Хасабис, како и научникот Џефри Хинтон, кој се смета за кум на вештачката интелигенција.
Други, пак, сметаат дека овие стравувања се претерани и дека ваквите научно-фантастични катастрофални сценарија се нереалистични.