Видео го издаде Пике дека имал афера десет месеци пред да се раздели од Шакира

Видео го издаде Пике дека имал афера десет месеци пред да се раздели од Шакира

пред 2 години

Светските медиуми пишуваат дека Шакира е психички скршена откако неодамна дознала дека Жерар Пике ја почнал аферата со Клара Чиа Марти најмалку десет месеци пред нивната разделба.

„Не можеше да поверува кога виде снимка од видео-интервју што тој го давал од нивниот семеен дом додека уште беа заедно, а во кое се гледа дека и Клара е со него“, рекол близок пријател на пејачката за „Пејџ сикс“.

Новото видео што се споделува на интернет е од август 2021 година, десет месеци пред Шакира да објави дека таа и Пике се разделиле. Видеото е направено во време кога Шакира била во странство со двете деца, а Пике останал во Барселона. Додека преку Зум тој разговара со новинар на „Твич“, во позадината се појавува Клара Чиа. 

„Таа беше уништена кога дозна дека девојката очигледно се чувствува како дома во куќата што Пике и Шакира ја делеа со своите деца. Во тоа време тие беа уште заедно и навидум среќни. Поразително ѝ беше што дозна дека оваа афера траела многу подолго отколку што таа мислеше“, рекол истиот извор.

Колумбиската пејачка и шпанскиот фудбалер беа заедно 11 години, но никогаш не се венчаа.

Share
Scroll to Top