(Видео) Двејн Џонсон му го подари својот џип на обожавател

(Видео) Двејн Џонсон му го подари својот џип на обожавател

пред 3 години

Глумецот Двејн Џонсон, познат и како Карпата, му го подари својот џип на негов голем обожавател. Тој му го подарил џипот марка Форд, на Оскар Родригез, кој бил ветеран од американската морнарица. Џонсон рече дека му го подарил како награда за неговата работа во локалната заедница. Тој во средата објави и видео со Оскар.

„Денес е добар ден. Среќен Божиќ и уживајте во својот нов камионет. Ги повикав фановите на посебна проекција на филмот Red Notice и посакав да направам нешто кул за нив“, напиша Џонсон и додаде дека за еден обожавател сакал да направи нешто незаборавно.

„Прво имав идеја да го подарам моето Порше Taycan, кое го возам во филмот Red Notice. Но, не ми дозволија од Порше. Но, си реков ќе направам нешто подобро. Ќе го подарам мојот личен камионет, моето бебе“, напиша Џонсон и доададе дека собрал многу информации за сите во публиката и дека приказната на Оскар најмногу го погодила.

„Тој се грижи за својата 75 годишна мајка. Тој е личен тренер. Лидер во својата црква. Дава голема поддршка и оброци за жените жртви на семејно насилство. Тој е и горд и скромен ветеран на морнарицата. Љубезно човечко суштество“, рече глумецот.

„Навистина останав без зборови. Не знаев дека ова ќе се случи. Ова е таков благослов“, рече Оскар во видеото.

Share
Scroll to Top