Газираните сокови поттикнуваат ќелавост кај мажите, тврдат научниците

Газираните сокови поттикнуваат ќелавост кај мажите, тврдат научниците

пред 2 години





Прекумерното консумирање засладени газирани пијалаци е поврзано со машката ќелавост, покажало истражувањето на научниците од Универзитетот Цингхуа во Пекинг.

Според нив, ќелавоста е речиси 30 пати почеста кај мажите кои пијат по еден газиран пијалак, сок или претерано засладено кафе или чај секој ден. Оние кои пијат повеќе од еден засладен пијалак дневно имаат 42% поголеми шанси да им падне косата отколку оние кои не пијат пијалаци со шеќер.

Слатките напивки не се единствениот фактор зад опаѓањето на косата. Менталното здравје и генетиката исто така играат улога, но важно е и да се внимава на исхраната. Нивниот совет е да се намали пржената храна и да се вклучи повеќе зеленчук во оброците.

 





Share
Scroll to Top