Гал Гадот ќе ја глуми кралицата во новиот филм „Снежана и седумте џуџиња“

Гал Гадот ќе ја глуми кралицата во новиот филм „Снежана и седумте џуџиња“

пред 2 години

Израелската актерка Гал Гадот ќе ја глуми злобната кралица во новата верзија на филмот „Снежана и седумте џуџиња“. Анимираниот филм кој е снимен според бајката на браќата Грим, првпат беше прикажан 1937 година и беше првиот долгометражен филм на „Дизни“.

Снежана ќе ја глуми Рејчел Зеглер (20). Се очекува снимањето да почне во 2022 година, а режисер ќе биде Марк Веб, кој го режираше „Чудесниот Спајдермен“.На песните за филмот работат Бенџ Пасек и Џастин Пол, дуото наградено со Оскар и Тони, кои работеа на „Ла ла ленд“ и „Величествениот шоумен“.

Share
Scroll to Top