Германски милијардер со семејството исчезна во близина на Карибите, властите трагаат по неговиот авион

Германски милијардер со семејството исчезна во близина на Карибите, властите трагаат по неговиот авион

пред 1 година

Сè уште се трага по авионот на германскиот милијардер и сопственик Рајнер Шалер, основач и претседател на германската компанија RSG-Group, која управува со спортски сали McFit, кој исчезна во близина на крајбрежјето на Костарика.

dobivaj vesti na viber

Се верува дека авионот се срушил некаде во близина на Карибите, а како причина се наведени временските услови. Во авионот бил со неговата партнерка Кристијана Шикорски со која не бил венчан и нивните две деца Арон и Фањ.

Со авионот управувал пилот од Швајцарија, а со нив биле и неговиот личен тренер Маркус Курек и министерот за безбедност на Костарика Хорхе Торес.

Она што е познато е дека патувале со авионот Piaggio 180 jet, кој летал од Мексико на егзотична карипска дестинација. Се срушиле недалеку од брегот на Костарика на летот за Лимон. Наводно авионот изгубил врска со контролната кула во Лимон околу 18 часот.

Според податоците на Fliat радар, авионот летал на само 69 метри надморска височина кога исчезнал од екранот на радарот. Fliat радар, кој ги забележува летовите ширум светот го објави точното место на кое авионот исчезнал од радарот. Засега не се познати причините иако се верува дека е лошото време.

Британските медиуми објавија фотографии од Фејсбук за кои се верува дека се направени последни пред да тргнат на кобниот лет. На фотографиите се гледа Рајнер насмеан со сопругата и двете деца. Медиумите пренесоа дека фотографијата е направена неколку часа пред полетувањето.

Share
Scroll to Top