Дајана пред несреќата била бремена и планирала да се венча со Доди Ал Фајед

Дајана пред несреќата била бремена и планирала да се венча со Доди Ал Фајед

пред 2 години

Кралското семејство дознало дека принцезата Дајана е бремена и планирала да се венча со нејзиното момче Доди Ал Фајед, па затоа ја исценирале несреќата во која загинаа во тунелот во Париз во 1997 година. Ова го тврди таткото на Доди, Али Мохамед Ал Фајед, кој рече дека и самиот покренал истрага.

По несреќата се покренаа голем број прашања теории за тоа што навистина се случило таа ноќ. Брзо потоа францускиот суд утврди дека несреќата ја предизвикал нивниот возач Анри Пол, кој исто така загина вечерта и дека бил под влијание на алкохол.

Али Фајед во повеќе наврати ги обвини британските безбедносни служби дека ја испланирале несреќата за да ја спречат принцезата од Велс се омажи за муслиман. Поднесе тужби за да примора голем број американски агенции ги објават фајловите за кои верува дека ќе го докажат овој заговор.

Ал Фајед е сопственик на познатата лондонска стоковна куќа Harrods, пренесува ABC News.

Во изјава снимена на видео, а прикажана за конференција за новинари во Вашингтон, Фајед на годишнината од несреќата обвини неколку американски агенции, меѓу кои и ФБИ, ЦИА и Националната безбедносна агенција за подметнување и вети дека ќе продолжи со негова приватна истрага.

„Направија сè што е во нивна моќ да го одложат случајот и попречат во објавувањето на документите кои би докажале поврзаност меѓу американските, париските служби и британската тајна служба. Барам поддршка од американскиот народ за да извршам притисок преку членовите на Конгресот да се објават документите кои ќе ја откријат вистината за трагедијата. Не се сомневам дека смртта е резултат на убиство, со расизам во сржта“, рече тој.

Убеден е дека нејзиното тело било балсамирано за да се сокрие дека во тие моменти била бремена. Според него, англиската принцеза била бремена од син му Доди и дека планирале да се венчаат. Неговите адвокати изнесоа и неколку докази кои ја поткрепуваат оваа теорија.

Иако пријателите на Дајана ги отфрлиле ваквите наводи претставниците на Ал Фајед на годишнината го претставија истражувањето од тимот професионалци, кои делумно бараат објавување на извештајот од обдукцијата на Дијана. Биле шокирани кога дознале дека нејзиното тело било басламирано само неколку часа по смртта. Велат таквата постапка е необична, затоа што во тие моменти сè уште не била направена обдукција. Рекоа дека чудно е што дури ни телото на Доди Фајед не било балсамирано толку брзо. Сето ова е направено затоа што течноста за балсамирање би произвела лажен позитивен резултат во било кој постмортален тест за бременост.

Рекоа дека не знаат дали е направен таков тест на принцезата и дека ќе имаат подобра претстава за тоа дали е бремена или не, откако ќе ја разгледаат посмртната анализа.

Се испостави дека трупот на принцезата Дијана, немал време ни да се олади, па набрзина бил балсамиран, кршејќи ги сите правила. На овој начин била уништена секоја можност за форензичко испитување. Сето тоа било направено во Париз, додека специјалниот авион, без да го исклучи моторот, чекал телото да биде донесено и да полета за Англија. Никогаш не се ни открило името на лицето кое наредило балсамирање на нејзиното тело.

Францускиот судија негирал дека одобрил балсамирање на телото на принцезата Дијана или дека некој од Британската амбасада во Париз разговарал со него за таква работа. Францускиот балсаматор кој го подготвил телото рекол дека тој ја предложил процедурата, пишува „Торонто Стар

Препаратите што се користат за време на балсамирањето спречуваат последователно повторно испитување на трупот. Доколку британските лекари сакале повторно да откријат во каква состојба била принцезата, да речеме, неколку секунди пред катастрофата, веќе не можеле да го сторат тоа.

Адвокатите потоа презентираа и посредни докази за да го поддржат верувањето дека возачот, Пол, всушност не бил пијан во моментот на несреќата. Објавија видео од поранешниот британски шпион Ричард Томлинсон, кој рече дека несреќата во која загина Дијана ги имала сите знаци на исцениран случај.

„Комбинацијата на силните светла во тунелот ме натера веднаш да размислам, дека можеби не станува збор за несреќа“, рече тој.

Сугерирал дека примероците од крвта кои биле земени од Пол можеле да се сменат и да се намести дека бил пијан, затоа што и други 15 лица починале таа ноќ во Париз.

„Официјалниот извештај на Хенри Пол вели дека тој е алкохоличар, но неговиот црн дроб не бил оштетен, што е невообичаено ако знаете нешто за алкохолизмот“, рече Марк Заид, адвокатот на Ал Фајед.

Во претходните интервјуа, Томлинсон рече дека Пол бил доушник на британската разузнавачка служба МИ6 и дека се сретнал со извршната власт пред несреќата. Рече дека Пол исчезнал половина час пред кобното возење и дека имал голема сума пари во џебот.

Ситуацијата сè уште е нејасна , а претставниците на Ал Фајед признаа дека немаат цврсти докази, но дека нивните наоди покренуваат прашања што ги оправдуваат нивните напори да добијат информации.

Share
Scroll to Top