Концерт на Васил Хаџиманов со познатиот руски саксафонист Олег Кирејев во Белград

Концерт на Васил Хаџиманов со познатиот руски саксафонист Олег Кирејев во Белград

пред 3 години

Етно џез пијанистот од Србија, Васил Хаџиманов и најголемиот етно џез саксафонист од Русија Олег Кирејев на 10 февруари за првпат ќе имаат концерт во Белград. Тие концертот ќе го одржат во клубот Нови битефАртКафе.

Двајцата ќе свират џез композиции во необичен и едноставен аранжман. Музиката ќе биде со руски и српски традиционален мелос, со најдобрите авторски композиции од современата балканска и руска џез сцена.

Олег и Васил соработуваат веќе две години, а доега имале заеднички концерти во неколку клубови и театри во Србија, а имаа и турнеја во Русија. Кириев во светот на џезот е познат уште од 1984 година и многумина го сметаат за пионер на етно-џезот во Советскиот Сојуз и Русија.

Тој во Белград има настапувано во Студентскиот културен центар, во Академијата и на многу други места. Неговиот албум The Meeting се најде на листата на 100 џез албуми на радио-станиците низ САД. Васил Хаџиманов е син на познатиот пејач Зафир Хаџиманов.

Тој со музика почнал да се занимава уште од петтата година, а има дипломирано на познатиот Беркли Универзитет во САД, на отсекот клавир. Тој има направено музика за неколку филмови и ерии како што се „Летото кога научив да летам“. „Долгот на морето“ и други.

Неодамна тој прослави 25 години од неговата кариерата, а минатото лето во 2021 година има настапено на повеќе концерти, фестивали, манифестации и соло вечери.

 

 

Share
Scroll to Top