Крис Мартин и Дакота Џонсон се свршија по четири години врска

Крис Мартин и Дакота Џонсон се свршија по четири години врска

пред 3 години

Пејачот на „Колдплеј“, Крис Мартин и глумицата Дакота Џонсон се свршија по четири години љубовна врска. Според магазинот „ОК“, Мартин ја побарал Дакота за жена на крајот на октомври, и тие треба да се венчаат на почетокот на 2022 година.

За Дакота ова ќе биде прв брак, а за Крис втор. Тој претходно десет години беше оженет со глумицата Гвинет Палтроу, со која има две деца, ќерката Епл и синот Мозес.

И покрај разводот Крис и Гвинет останаа пријатели, па често поминуваат време заедно, а друштво им прават и Дакота и новиот сопруг на Гвинет.

Дакота, која се прослави со улогата во филмот „Педесет нијанси сиво“ е ќерка на глумците Мелани Грифит и Дон Џонсон. Таа за својот приватен живот не зборува во јавноста, па и врската со Крис ја криеја долго време.

Share
Scroll to Top