Одлични мафини за љубителите на тиквички.
Состојки: (12 мафини)
- 2 помали тиквички
- малку сол
- 2 јајца
- 1 прашок за пециво
- 180 мл јогурт
- 4 лажици масло
- 2 чаши остро брашно (шолја = 180 ml)
Подготовка: Излупете ги тиквичките, посолете ги и оставете ги 10 минути. Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Јајцата измататете ги со јогуртот, брашното и маслото, а потоа додадете ги и тиквичките, не ги цедете, туку убаво соединетете ги и наполнете ги калапи за мафини.
Печете ги 30 минути на 200 степени. Ако сакате, можете да додадете малку зачин и пармезан во смесата. Ако тиквичките се поголема и имаат семки, задолжително извадете го средишниот дел, изрендајте ги и добро исцедете ги за не се направи лепливо тестото во средината од влагата при печењето.