Од секс злоставување до навреди дека се дебели и безвредни, уште шест танчерки ја обвинуваат Лизо

Од секс злоставување до навреди дека се дебели и безвредни, уште шест танчерки ја обвинуваат Лизо

пред 1 година

Откако минатата недела три танчарки ја обвинија за сексуално вознемирување и навреди, пејачката Лизо (35) се најде на мета на

нови сериозни обвинувања, пишува порталот „Пејџ сикс“

Тужби поднеле уште една група танчарки, а тие навеле слични приказни како првите три девојки. Нејзините адвокати ја потврдија оваа информација и изјавија дека ги проверуваат тужбите.

 

Адвокатот Рон Замбрано откри дека разговарале со танчарите и рече дека не се работи само за сексуално вознемирување, туку и за неплаќање на вработените.

” Ужасно е како Лизо и нејзиниот менаџерски тим постапувале со своите изведувачи спротивно на сето она за кое Лизо се залага јавно, додека приватно ги посрамотуваат своите танчари и ги понижуваат на начини кои се апсолутно деморализирачки”, рекол Замбрано.

 

Покрај приказните за сексуално злоставување, обожавателите на американската пејачка која се залагаше за љубов кон себе и позитивност на телото, беа затечени од сведочењето на танчарка која откри дека Лизо ја нарекла дебела.

Лизо ги негираше сите обвинувања на своите социјални мрежи.

‘Овие последни денови беа страшно тешки и крајно разочарувачки. Мојата работна етика, морал и почит беа доведени во прашање. Мојот карактер е критикуван. Обично одлучувам да не одговарам на лажни обвинувања, но колку и да звучат неверојатно, тие се премногу невидени за да ги игнорирам”, вели пејачката.

Share
Scroll to Top