Силвестер Сталоне и Ричард Гир се степале за принцезата Дајана

Силвестер Сталоне и Ричард Гир се степале за принцезата Дајана

пред 2 години

Популарните глумци Силсвестер Сталоне и Ричард Гир се степале за поранешната принцеза Дајана, пишува британскиот музичар Елтон Џон во своите мемоари.

Џон бил еден од најблиските пријатели на Дајана, а колку ја сакал напишал во своите мемоари „Јас“, кој ги објавил од неодамна. Тој во нив напишал досега непознати детали за Дајана, кои во јавноста предизвикаа лавина коментари.

Џон напишал дека Дајана имала мнпогу поголемо влијание кај машките, отколку што во јавноста се мислело. Елтон напишал за настан кој се случил во 1994 година, за време на една забава во Лондон, кога двајцата славни глумци Силсвестер Сталоне и Ричард Гир се степале за неа.

„Ричард и Дајана беа воодушевени еден од друг. Во тој период Дајана беше разведена од Чарсл, додека Гир во тие моменти ја прекина врска со супермоделот Синди Крафорд“, пишува Џон.

„Додека разговаравме, не можев, а да не ја забележам чудната атмосфера во просторијата. Судејќи според погледите, пријателството на Дајана и Гир, му сметаше на Силвестер Сталоне, кој беше исто така воодушевен од принцезата. Дојде на забавата со намера да стапи во контакт со Лејди Ди и да ја заведе“, напишал Џон.

Ситуацијата подоцна ескалирала, а за тоа сведочел и сопругот на Елтон Џон, Дејвид Фурниш. Пред вечерата Сталоне и Гир влегле во жесток конфликт. Дејвид морал да ги раздвојува за да не дојде до жестока физичка пресметка. По вечерата, Дајана седнала до Ричард, а кога Сталоне ја видел, се налутил и си заминал дома.

„Кога замина викаше дека никогаш не би дошол, ако знаел дека принцот од бајките ќе биде тука“, напишал Џон.

 

Share

free anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

watch animes JUJUTSU KAISEN

The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

AnimeFreak WONDER EGG PRIORITY Episode 6

The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

tải go88
Scroll to Top