Во центарот на Љубљана, во областа Трново, се наоѓа една бајковита мала слаткарница која наликува на сцена од сказна.
„Лолита Еипрова“ е името на слаткарницата која важи за една од најубавите во Европа и се наоѓа на листата Топ пет светски угостителски објекти со убав ентериер, создаден од одржливи материјали.
„Тука сите сетила ќе ви бидат нагостени со убавина. Од врвниот декор во ненаметливи, пастелни нијанси прошарани со флорални мотиви, до заносните мириси на цимет и ванила. А она што е вистинско богатство е скриено зад стаклените витрини: превкусни слатки специјалитети. Ситни колачиња, француски слатки, детски колачиња на стапче, врвни чаеви, егзотично кафе“, вака ја опишуваат слаткарницата дел од посетителите.