Унгарските пратеници усвоија закон со кој се забрани на децата да им се промовираат хомосексуалност или промена на пол, за што поддржувачите велат дека ќе помогне во борбата против педофилија, а противниците сметаат дека ова е е дискриминација на ЛГБТ заедницата.
Фидес, конзервативната партија на премиерот Виктор Орбан, го предложи законот, кој е последен начин за ускратување на правата на припадниците на ЛГБТ заедницата во оваа земја. Парламентот пак го усвои законот со само еден глас против, а опозициските партии го бојкотираа гласањето. Мерката ја осудија и групите за човекови права, при што некои го споредија со законот против таканаречената геј пропаганда во Русија, усвоен во 2013.
„На овој срамен ден, местото на опозицијата не ѝ е во парламентот, туку на улиците“, изјави градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони.
Илјадници ЛГБТ активисти и други одржаа протест во Будимпешта вчера, што беше неуспешен обид да се спречи донесувањето на законот.






