Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство, му се заканува затворска казна од 18 години

Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство, му се заканува затворска казна од 18 години

пред 1 година

Глумецот Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност за кинематографката Халина Хачинс. Болдвин пукаше во Хачинс и беше убиена за време на снимање филм.

Тој вежбал сцена за вестерн-филмот „Рѓа“ кога пукаше на ранч во близина на Санта Фе, Ново Мексико во октомври 2021 година.

Глумецот претходно во изјава рече дека не знаел оти во пиштолот имало вистински куршуми.

Покрај глумецот, обвинета за истото дело како Болдвин ќе биде и Хана Гутиерез Рид која била одговорна за оружјето за филмот.

Алек Болдвин вети дека ќе се бори против обвиненијата за ненамерно убиство што ги објави денеска обвинителите во Ново Мексико, нарекувајќи ги ужасен пропуст на правдата.

Првата обвинителка во Њу Мексико, Мери Кармак-Алтвис и специјалната обвинителка, Андреа Риб, ги објавија обвиненијата преку писмена изјава денес.

И Болдвин и Гутиерез-Рид се соочуваат со максимална затворска казна од 18 месеци доколку бидат прогласени за виновни.

Share
Scroll to Top