Американецот Џоел Штрасер успеа на својата брада да закачи 710 новогодишни украси со што влезе во Гинисовата книга на рекорди, како човек со најмногу украси на брадата за 2022 година.
Тој во 2019 година брадата ја украси со 301, во 2020 година со 542, а во 2021 година со 686 божиќни лампиони.
„Мојата техника еволуираше со текот на годините откако првпат го соборив рекордот“, изјавил Штрасер за Гинисовата книга на рекорди.
„Отпрвин ги ставав топчињата по случаен избор, но сега веќе имам внимателно разработен план. Открив дека ако одвојам време и навистина се фокусирам на поединечни нишки, можам да ставам многу повеќе“, вели Штрасер.
Како што раскажал, не му пречи тежината од над два килограми украси, како и фактот дека секој пат му требаат по неколку часа да ги извади. Секој украс има мала штипка на себе, па може да се вадат само еден по еден.