Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ е фотографирана на улиците на Палма де Мајорка со трите сина и нејзината мајка. Поранешна тенисерка Ана Ивановиќ се породи пред неполн месец. Таа го роди нејзиниот трет син.
Само неколку дена подоцна, Ана и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер објавија семејно видео во кое ја покажаа раката на своето новороденче.
Ана моментално се наоѓа во Палма де Мајорка каде е фотографирана како се шета заедно со двата постари сина Лука и Леон, бебето и мајката Драгана Ивановиќ.
Покрај фотографиите на кои се гледа како Ана ужива во мајчинството, фотографите открија дека поранешната тенисерка изгледа одлично по раѓањето на третото дете. Ана на 6 мај роди трет син чие име се уште е непознато за јавноста.