Анџелина Џоли и Селма Хаек се во изолација, на премиерата на новиот филм биле во контакт со лице заразено со корона

Анџелина Џоли и Селма Хаек се во изолација, на премиерата на новиот филм биле во контакт со лице заразено со корона

пред 3 години

Со Џоли и Хаек во изолација се и нивните колеги од филмот „Етерналс“, Џема Чан и Лорен Ридлоф, и режисерката Кое Жао. Екипата на „Етерналс“ во моментов го промовира филмот низ САД, па на закажаните премиери ќе присуствуваат некои од останатите актери. Некои од нив, пак, ќе присуствуваат на настаните поврзани со филмот преку онлајн врска.

„За среќа, ниту еден од нив сѐ уште не покажува симптоми. Сфативме дека екипата на филмот ‘Етерналс’ е во контакт со заразени со коронавирус. Ја тестиравме целата екипа и иако сите се негативни, решивме да преземеме мерки на претпазливост“, додаваат од „Дизни“.

За потсетување, двете актерки неодамна се појавија на црвениот тепих во Лос Анџелес, за време на премиерата на нивниот нов филм.

(Фото) Селма Хаек во голи гради, Џоли со пирс на устата- холивудските ѕвезди блеснаа на црвениот тепих

Share
Scroll to Top