Пејачката Наташа Беквалац ќе ја отпее последната песна која ја напиша една од најпознатите југословенски текстописци, Марина Туцаковиќ. За потсетување, Туцаковиќ почина на 19 септември, а зад себе има оставено бројни хитови. Некои од нив сè уште не објавени.
Една од тие песни ќе се најде на новиот албум на Беквалац. Песната се вика „Излекувана“ и се однесува на животот на пејачката.
„Не можам да кажам дека таа песна лекува душа, повеќе би рекла дека заборува за душата“, рече Беквалац во едно од нејзините интервјуа.