Бред и Џоли повторно на суд, се скараа за имот вреден 164 милиони долари

Бред и Џоли повторно на суд, се скараа за имот вреден 164 милиони долари

пред 3 години

Поранешната холивудска двојка, Бред Пит и Анџелина Џоли, повторно се на суд. Како што пренесуваат медиумите, тие сега се судат за имот вреден 164 милиони долари. Станува збор за илјадници хектари од францускиот имот Шато Миравал, каде двајцата се венчаа во 2014 година.

Актерката сега е обвинета дека се обидела да ја продаде својата половина без да го извести Бред. Тие станаа рамноправни сопственици откако Бред префрли 10% од уделот во сопственост на Анџелина, па тие повеќе не беа во однос 60-40.

Наводно, како дел од нивниот договор, имало ставка со која требало да се консултираат еден со друг пред евентуалната продажба, која Анџелина не ја испочитувала.

За потсетување, двајцата се на суд и околу старателството на нивните пет деца. Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, по што двојката доби заедничко старателство.

Анџелина сака да има целосно старателство. Заедно со нивниот син Медокс (19), тие имаат и 5 малолетници: Пакс (17), Захара (16), Шило (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12).

 

 

Share
Scroll to Top