(Видео) Ајкули нападнале маж и жена па ги гризнале за задникот

(Видео) Ајкули нападнале маж и жена па ги гризнале за задникот

пред 2 години

Видео од маж и жена како се гризнати за раката и задникот од мали ајкули додека се бањале за брзо време стана хит. Ајкулите ги гризнале додека тие се бањале и не сакале да ги пуштат.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за различни видови на риба. Ајкула од типот „медицинска сестра“ или „болничарка“ го нападнала мажот и го гризнала за раката.

Тие припаѓаат на семејството месојади и главно се наоѓаат во западниот Атлантик и Јужниот Пацифик. Имаат силни вилици исполнети со илјадници ситни, остри заби и генерално гризат додека се бранат. Безопасни се за луѓето, иако на видеото не изгледа така.

Девојката била нападната од риба ремора, која поради каснувањето често ја поврзуваат со ајкули. Но, не припаѓа на овој тип морски кучиња, односно ајкули. Живее во тропските отворени океани, но повремено може да се забележи и во умерените или крајбрежните води заедно со големите риби кои залутале во овие области.

Како што кажува нивното име, се држат до домаќинот и преживуваат, па иако не е ајкула, нималку не е безопасна.

Share
Scroll to Top