(Видео) По 60 години брак, осум месеци беа разделени поради короната: Емотивна средба по 215 дена

(Видео) По 60 години брак, осум месеци беа разделени поради короната: Емотивна средба по 215 дена

пред 3 години

Џозеф и Ева Лорет, кои се во брак 60 години и 10 месеци, заради короната биле раздвоени 215 дена. Во март Џозеф бил на операција каде му ја ампутирале ногата. По ова тој одел на рехабилитација, а Ева не можела да го посетува поради пандемијата. И покрај тоа тие се слушале секој ден, а неколку пати се виделе преку прозорец. Нивната средба ја снимија од домот за стари лица на Флорида, каде што Ева живее од август.

„Сега знам дека за 60 години направив една добра работа“, рекол Џозеф кога ја видел првпат својата сопруга по повеќе од седум месеци.

Се запознале кога биле тинејџери, на лизгалиште, а Ева вели дека не престанала да го брка додека не решил да излезе на состанок со неа. Денес имаат пет деца и бројни внуци, а Ева на шега вели дека престанале да бројат колку се по десеттиот внук.

Share
Scroll to Top