Луѓето од организацијата за заштита на животните ПЕТА забележале нешто сомнително во текот на пробата на роденденската парада на кралицата. Тие рекле дека коњот на принцот Вилијам морал да ја спушти главата во текот на пробата на парадата бидејќи бил повреден. Воените ветерани, пак, тврдат дека коњот изгледал дрогиран и дека бил допингуван за да биде попослушен, пишува Дејли меил
Според објавите,војводата од Кембриџ јавал на кралскиот коњ по име Џорџ, но тој цело време одел со наведната глава. Потпретседателката на ПЕТА, Елиса Ален рекла: „Понекогаш коњите ги спуштаaт главите или чудно се движат кога имаат воспаленија или се повредени“.
Меѓутоа, и покрај тврдењата на ПЕТА, сè уште ништо не се знае за состојбата на коњот.
„Бидејќи коњите, вклучително и оние што се користат за трки, се силни и лесно се плашат од бучава и неочекуван метеж, што може да доведе до тоа да побегнат, познато е дека ракувачите им даваат седативи на животните пред јавните изложби, што е и сигурен знак дека воопшто не треба да се изложуваат на големи паради“, додала Елиса Ален
Таа додала и дека коњите е треба да бидат изложени на таков ризик.
„Токму како што деновите на користење на коњите за војна се завршени, така би требало да има и денови на ставање на овие големи, често нервозни животни во ситуации што може да ги исплашат, доведувајќи ги на тој начин себеси, јавачот и јавноста на ризик од повреда“.
Две лица морале итно да бидат пренесени во болница за трауматологија, а на тројца им била потребна медицинска помош откако се срушил штандот за време на пробата на парадата.
Да потсетиме, на роденденот на кралицата Елизабета Втора на 2 јуни, трупите на нејзината Домашна дивизија маршираат и јаваат на Парадата на коњската гарда, а таа обично присуствува и поздравува.
Фото: EPA/NEIL HALL