Популарната тиктокерка и поранешна продавачка во луксузната парфимерија Chanel, Шенон Хил тврди дека може да ги открие сите мажи кои купувале парфеми од кај неа, но не за сопругите, туку за нивните љубовници. Работејќи низ годините најмногу ги забележувала оние кои редовно купувале подароци.
Вели дека ова најчесто се случувало за време на празниците, а мажите не се штеделе кога биле во прашање парите. Објасни дека најмногу купувале производи за нега на кожата, и парфеми. Оние поискусните љубовџии секогаш купувале и дополнителен, но ист подарок и за сопругите и љубовниците.
„Ќе го купеа омилениот парфем на сопругата, убаво ќе го запакувавме, а потоа ќе побараа со ист мирис и за својата љубовница. Зошто го правеа тоа? Не сакаа да ја напуштат куќата на љубовницата со други мирис, за да не бидат откриени“, рече Хил.
Вели дека мажите толку биле редовни што еден од парфемите станал препознатлив по тоа што најмногу го купувале оние кои изневерувале.
„Секогаш го купуваа Coco Mademoiselle. Никогаш не купуваа Chanel No 5, затоа што луѓето доаѓаа и го купуваа тоа за мајките“, рече Хил и додаде дека постојано била во искушение да ги контактира нивните сопруги. Сепак на крај се одлучила да не се меша во приватни работи.