Ружица Брчиоска, пејачката на популарниот рок-бенд „Ареа“ наполни 53 години. Роденденот го прослави дома, со семејството, ќерката Елена, сопругот Ивица и неговата мајка.
„Колку сме, токму сме. Нека ми е среќен роденденот“ напиша таа и објави неколку слики на „Фејсбук“.
Ружица важи за жена која не зборува често во јавноста за приватниот живот, па семејните фотки ги изненадија фановите. Тие ѝ го честитаа роденденот и ѝ посакаа уште многу хитови со „Ареа“.
За потсетување, Ружица и Ивица ја почнаа љубовната приказна во средношколските денови. Во интервју за „Репортер“, Ружица ни откри дека не му дошла на Ивица на првиот состанок, но тој бил упорен. Брзо откако ја почнале врската, тие сфатиле дека ги врзува и музиката, па во 1991 година го формираа познатиот гостиварски бенд.