Губењето коса и намалениот сексуален нагон се нови симптоми на долготрајниот Ковид

Губењето коса и намалениот сексуален нагон се нови симптоми на долготрајниот Ковид

пред 2 години

Истражувачки тим од Универзитетот во Бирмингем открил и објавил дека губењето на косата и намалениот сексуален нагон, се двата нови симптоми на таканаречениот долготраен ковид.

Истовремено, канадски научници од Медицинскиот факултет во Алберта, објавија податоци дека шест проценти од децата ги погодува ваквиот вирус ковид. На листата на симптоми покрај губењето коса и намалениот сексуален нагон се и губењето на мирис, краткото земање воздух, болка во градите, амнезија, неможноста за изведување на одредени движења и халуцинации.

Експертите, во зависност од природата на симптомите, формирале три групи на проблеми со кои се соочуваат заболените од ковид. Тоа се респираторните проблеми, менталното здравје и когнитивните проблеми.

Тимот од Универзитетот во Бирминген ги следел електронските здравствени картони на 2,4 милиони луѓе во Велика Британија од периодот јануари 2020 до април 2021 година. Податоците покажале дека пациентите имале нови здравствени проблеми по три месеци откако заболеле од ковид.

Истражувачите пресметале дека оние кои имале Ковид, имале 6,5 пати поголема веројатност да го изгубат сетилото за мирис, по 12 недела откако се заразиле со вирусот во споредба со оние кои не биле заразени.

„Нашата анализа на податоци за факторите за ризик од посебен интерес ни помогна да откриеме што би можело потенцијално да предизвика или допринесе за долготрајниот ковид“, рече професор доктор Шамил Харун од Универзитетот во Бирмингем.

Истражувачите од Медицинскиот факултет во Алберта потврдиле случаи со долготраен ковид и кај деца. Најчестите долготрајни симптоми на ковид кај децата се заморот, слабоста, кашлањето, како и проблемите со дишењето кои траат и со месеци по инфекцијата.

Оваа студија опфатила 1884 деца, од осум различни земји.

„За жал не постојат познати терапии за долготрајниот ковид кај децата и потребни се уште истражувања во оваа област“, рече доктор Стивен Фридман, еден од авторите на студијата.

Share
Scroll to Top